Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Прв Балкански спелеолошки камп во Прилеп: Спелеолози од 15 земји ќе истражуваат пештери

Прилеп, а и Македонија, по првпат е домаќин на спелеолози од 15-тина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилеп, а и Македонија, по првпат е домаќин на спелеолози од 15-тина земји кои ќе ги истражуваат подземните убавини, пештери и пропасти кои природата ги создавала низ милениумите. Околу 150 спелеолози од 15 земји до недела ќе истражуваат шест пештери и пропасти во Мариовскиот и во Прилепскиот регион, односно кај Македонски Брод. 

Прилеп е домаќин на 18-тиот Балкански спелеолошки камп стациониран во прилепкото село Штавица каде што снимаше режисерот Милчо Манчевски. Свеченото отворање на сплеолошкиот камп беше синоќа, а од денеска до недела спелеолозите се на теренот во истражување.

– Целта на кампот е истражување, придонесување во спелеолошката наука и развој на авантуристичкиот туриза. Кај нас пештерите се 40 проценти истражени и се надеваме дека со врвните спелеолози учесници на овој камп ќе се дојде до нови сознанија зашто има уште неотркиени канали во пештерите и пропастите, велиДарко Неданоски, претседател на Спелеолошката федерација на Македонија.

Реклама

Посебна е честа и радоста на спелеолозите што за првпат Прилеп, а иМакедонија, се домаќини на спелеолошкиот камп. 

– Ова е 18-ти по ред Балкански спелеолошки камп.Посебно е задоволството што сме тука. Ова ни е важно и значајно. Тука сме не само да истражуваме, туку и да споделуваме знаења и искуства. Ќе придонесеме и за развој на туризмот во овој регион, изјави Ема Марчу, претседателка на Балканската спелеолошка унија.

Врвните спелеолози имаат очекувања за откривање на чудата на природата зашто пределот е многу податлив.

– Ова е прв ден, ги очекуваме доиживувањата. Ова ми е првпат да бидам во Македонија. Четири години сум спелеолог. Во последните шест месеци ги посетивме сите Балкански земји. Тоа е скриеното богатство на природат, рече Мигел Кабалеро, спелеолог од Шпанија.

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски им посака добредојде на спелеолозите и порача дека ова е уште една можност за унапредувањена туризмот во Прилепскиот регино.

– Прилепскиот регион, Мариово, а и околината имаат што да понудат кога се во прашање природата и нејзините креации. Уште многу тајни се кријат кои се надевам на ваков начин се откриваат и ги зголемуваат туристичките потенцијали на Регионот, рече Проданоски.

На 18-тиот Балкански спелеолошки камп до недела ќе има работилници за истражување, скицирање на се уште неоткриени пештерски канали и  неповторливи светови на природата.