Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше и ги поздрави учесниците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше и ги поздрави учесниците на Генералното собрание на Европската еспорт федерација (ЕЕФ) што се одржа во Скопје, во организација на Македонската еспорт федерација.

Во поздравното обраќање, Ристовски ја истакна важноста на овој значаен меѓународен настан кој е потврда за угледот и позицијата што ја има Македонија во европскиот еспорт и за неговата растечка популарност во нашата држава.

На Собранието на кое главна точка беше изборот на нов претседател и еден член на Управниот одбор на ЕЕФ, присуствуваа 40 делегати од над 30 европски земји.

Реклама

Во Скопје присуствуваше и претседателот на Меѓународната на Меѓународната еспорт федерација (ИЕСФ), Влад Маринеску, заедно со претставници на националните еспорт федерации од Европа.

Министерот Ристовски оствари средба со Маринеску на која му беше врачена Плакета за заслуги, како признание за неговиот придонес и поддршка во развојот на еспортот.

На Генералното собрание на ЕЕФ во Скопје, покрај изборот на новото раководство, на дневен ред беа и теми поврзани со работата и идните активности на федерацијата и понатамошниот развој на еспортот во Европа.

Генералното собрание е најважниот институционален состанок на Европската еспорт федерација, на кој земјите членки носат одлуки поврзани со раководството, работењето и идните активности на организацијата.