Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Генералот Лафчиски на 29. Конференција на началниците на Генералштабови од А-5 во Задар

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на 29.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која се одржува во Задар, Република Хрватска.

На денешната конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Хрватска, генерал-потполковник Тихомир Кундид, како што посочуваат од Министерството за одбрана, се дискутираше на темата „Остварување на регионалните придобивки“.

Генералот Лафчиски, во своето обраќање на работните тематски сесии на конференцијата, го истакна  значењето на хуманитарната помош и помошта при катастрофи и подобрување на соработката, која се развива во рамките на А-5 иницијативата, борбата против транснационалниот организиран криминал и градење заеднички регионален одговор, како и  важноста на воената мобилност и инвестиции во инфраструктура со двојна намена.

Реклама

По завршување на конференцијата потпишана е заедничка изјава со која се потврдува заложбата за натамошно зајакнување и продлабочување на одбранбените способности, како и проширување на воената соработка со цел унапредување на регионалната безбедност.

Во рамките на програмата, генералот Лафчиски оствари средба со врховниот командант на Сојузничките сили во Европа (SACEUR) воедно и командант на европската команда на САД за Европа (EUCOM), генералот Алексус Гринкевич и со заменик-командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, генерал-потполковник Питер Скот. Дополнително, генералот Лафчиски оствари и  билатерални средби со дел од началниците на генералштабовите од земјите членки на А-5 и со командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајор Хенри Хардер.

Како набљудувачи на конференцијата присуствуваа воени претставници од генералштабовите на Вооружените сили на Словенија и од Косовските безбедносни сили, а во улога на гости беа командантите на националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите членки од А-5.

Ден претходно се одржа конференција на главните подофицери на Вооружените сили на земјите членки на А-5.

Во изминатите години, А-5 се афирмираше како значајна регионална рамка за продлабочување на одбранбената соработка, зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на заедничките безбедносни интереси.