Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ѓорѓиевски: Го стабилизиравме градот и ги одглавивме проектите што беа закочени со децении

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Град Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Град Скопје вели дека изминатиот период фокусот бил ставен на финансиската консолидација на градот и стабилизирање на јавните претпријатија, потенцирајќи дека затекнатата состојба во Град Скопје била исклучително тешка, но, оти со преземените мерки градот постепено финансиски се стабилизира и се создаваат услови за реализација на капитални проекти.

– Ни претстоеше тешка задача изминатиов период, ревитализација на јавните претпријатија од секој аспект, најпрво финансискиот аспект, јас наследив близу 300 милиони евра долг, вработени во јавните претпријатија којшто по два, по три месеци немаа земено плата, имаше проблем со приватните превозници. Имавме доста работа но работиме кон тоа да градот го правиме поубав секојдневно, постабилни јавни претпријатија. Го намаливме драстично долгот, веќе Град Скопје не должи на никому, многу од проектите коишто со децении некој од нив беа закочени како булевари, мостови, за многу скоро од денес да ги завршиме и целосно ги пуштиме во функција“ – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски се осврна и на повеќе проекти кои се започнати во изминатиот период со цел да се решат долгогодишните проблеми со кои се соочува Скопје, и нагласи дека се работи на уредување и трансформација на простори кои со години претставувале еколошки и комунален проблем, но и на создавање нови зелени површини и паркови во повеќе скопски општини.

Реклама

Почнавме многу нови проекти, многу од депониите коишто во минатото беа рак рана во Скопје, едно од тие е Вардариште го завршивме таму процесот на одгасување, сега влегуваме во фаза каде што ќе започнеме целосна деконтаминација на просторот таму и создавање на она што го ветив, а малкумина веруваа во предизборието дека таму ќе никне еден голем парк. Негде околу 200 илјади квадрати паркови започнавме да работиме, во Бутел веќе се гледа крајот, Карпош исто така сериозно е напреднат. Многу проекти решивме и одглавивме од минатото, финансиски ги стабилизиравме јавните претпријатија, посочи Ѓорѓиевски.