Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Арсова: Додека во минатото застапеноста на жените беше 3 или 8%, сега зборуваме за 40% застапеност на жените во македонското Собрание

Прашањето за присуството на жените во македонското Собрание, не е само прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прашањето за присуството на жените во македонското Собрание, не е само прашање поврзано со бројки и исполнување на законски квоти. Кога зборуваме за присуството на жените во македонското Собрание, всушност зборуваме за тоа колку силна демократија имаме како држава, каков е нашиот демократски напредок и колку како општество сме спремни да ги почитуваме човековите права и различностите. Затоа што демократијата е силна кога во неа се почитуваат различните ставови, различните перспективи и различните мислења, рече Драгана Арсова, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната панел дискусија насловена „Улогата на политичките партии во демократското учество, во рамките на првата политичка платформа по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата во организација на УЖ.

Арсова посочи дека ако се вратиме назад, можеме да констатираме дека бројката на застапеност на жените во Собранието на Македонија во минатото и не била на толку високо ниво, односно во првите повеќепартиски парламентарни состави, процентот на жените присутни со Собранието се движел помеѓу три и 8%, за да денес зборуваме за застапеност од 40%.

„Во моменталниот парламентарен состав во Собранието на Македонија имаме 45 пратенички. Ова за нас како држава претставува сериозен демократски напредок, меѓутоа на овој демократски напредок му претходеле низа измени и дополнувања на законски решенија, започнувајќи од 2002 година кога беше воведен минимумот од 30% застапеност на жените на кандидатските листи за да во 2006 година биде воведено правилото секое трето место на кандидатска листа треба да и припадне на жена“, истакна Арсова.

Реклама

Таа додаде дека во 2014 година одиме чекор понапред, кога, доколку на избрана жена и престане мандатот, нејзиното место ќе го заземе следната жена кандидатка од листата, било да станува збор за кандидатска листа на советници или кандидатска листа на пратеници, за во 2015 година се усвојат измените на Изборниот законик со усвојување на 40 проценти застапеност на законската квота за жените на кандидатските листи.

„Како жени пратенички во овој парламентарен состав имаме со што да се пофалиме. Имаме жена потпретседателка на Собрание, 20 пратенички групи за соработка со парламенти на други држави се предводени од жени претседателки на пратеничките групи за соработка. Од 11 парламентарни делегации, шест делегации се со шеф на делегација жена, што значи дека Собранието на Македонија е претставувано во меѓународните парламентарни организации предводено од делегации со шефови жени пратенички и во парламентарното Собрание на Советот на Европа и во парламентарното Собрание на организацијата за безбедност и соработка на Европа-ОБСЕ, Мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација, исто така, предводен од делегација со шеф жена пратеничка“, посочи, меѓу другото, Арсова.