Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Мицкоски: Демократскиот капацитет континуирано да го надградуваме и преку дијалог да ги решаваме работите

ВМРО-ДПМНЕ во рамки на денешната демократија има голема одговорност, можеби и најголема,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ во рамки на денешната демократија има голема одговорност, можеби и најголема, бидејќи едно е да ја добиете довербата од народот, а друго е таа доверба да ја одржите на поддолг рок. За тоа, пак, мора да имате демократски капацитет, зашто ако луѓето во вас не препознаат добар соговорник, тогаш ќе ја изгубат довербата, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

Тој од првата политичка платформа „Повеќе учество, повеќе демократија” што ја организира Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, порача дека демократскиот капацитет треба континуирано да се надградува и преку дијалог да се решаваат работите, и во партијата и со граѓаните

-Суштината на она што денеска претставува ВМРО-ДПМНЕ, треба да ја бараме во почетоците од крајот на минатиот век, зашто за една политичка партија да се профилира, мора и идеолошки да се профилира, а тоа идеолошко профилирање јас го барам некаде на крајот од минатиот век со создавањето на Внатрешната македонска револуционерна организација. Денеска можеме да кажеме дека имаме одредена заокружена целина која за ова време идеолошки припаѓа на една современа демократска држава како што е нашата. Но, ВМРО-ДПМНЕ во рамки на оваа денешна наша демократија има и голема одговорност, можеби и најголема, бидејќи едно е да ја добиете довербата од народот, како што впрочем тоа го добива ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку изборни циклуси по ред — локални избори, претседателски, парламентарни,…, а друго е таа доверба да ја одржите на поддолг рок. За тоа, нормално, мора да имате демократски капацитет, зашто ако не препознаат луѓето во вас дека може да имаат добар соговорник и дека имате добар демократски капацитет, тогаш таа доверба не е за секогаш. Таа треба континуирано да ја заслужуваме, така што тие ќе ја изгубат довербата во вас и веќе следните избори вие нема да постигнете така добар резултат како што претходно сте постигнувале, истакна Мицкоски.

Реклама

Тој напомена дека бројот на пратеници, градоначалници и советници на ВМРО-ДПМНЕ образува зрела демократија и демократски капацитет што партијата мора да го профилира и одржи. 

-Бројката во Парламентот, сега веќе 59 пратеници во пратеничката група, бројот на градоначалници кој изнесува 56, плус градоначалникот на Град Скопје, иако сум убеден дека и во Маврово-Ротуше повторно ќе имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и ќе победиме на следните локални избори, историскиот број на советници што ги имаме, сето тоа образува една зрела демократија и еден таков демократски капацитетшто ние како политичка партија мораме да го профилираме и да го одржиме. Во спротивно ќе ја изгубиме поддршката што ја добиваме од граѓаните, а граѓаните многу лесно препознаваат импровизации. И затоа е многу важно овој демократски капацитет континуирано да го надградуваме и преку дијалог да ги решаваме работите. Се разбира, и со граѓаните, но и во рамките на партијата, рече претседателот на партијата и премиер.

ВМРО-ДПМНЕ, дополни, е политичка партија која секогаш е препознатлива по своето единство кога станува збор за пораките што ги испраќа кон јавноста.

-Тоа подразбира дека ставот се гради во рамки на демократските процеси во самата партија и кога тој став ќе се профилира, ќе се изгради, тогаш тој став станува јасна стратешка комуникација на партијата и на тој начин се комуницира и со јавноста. Кога ќе имате позиција, кога ќе имате став, тогаш многу полесно имате и демократски капацитет да разговарате со граѓаните, подвлече Мицкоски.

Според него, Унијата на жени е дел од овој процес на градење ставови.

-Очекувам дека полека, но сигурно, ја завршувам мојата деветта година како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во мојот трет мандат, но она што е важно е дека во овие нецели девет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, улогата на Унијата на жени се обидував да ја препознаам и мислам дека ја препознав и ја вреднував во онаа мерка во којашто како политичка партија заслужува да се вреднува. Сите наши сопартијки, членки на Унијата на жени, мајки, сестри, пријателки кои учествуваат во овие демократски процеси, го имаат мојот почит, ја имаат мојата поддршка досега и, се разбира, со уште поголем интензитет во периодот којшто следи ќе ја имаат. Тие ја заслужиле, нема потреба дополнително да ја заслужуваат, така што, еве, заедно сите да продолжиме да го градиме демократскиот капацитет и на партијата и на Македонија, посочи Мицкоски. 

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, рече дека на вечерашната платформа ќе биде презентирана декларација за „повеќе учество, повеќе демократија“, која базира на десет политички заложби на Унијата на жени.

-Сакам да ја усвоиме декларацијата, но не за да остане само како некаков домукент, туку за да не постетува секоја година што сме направиле и како да ја надградиме. Ве повикувам, сите да ја прифатиме а потоа и официјално да ја усвоиме, нагласи Митева.

Во рамки на платформата се одржуваат две панел-дискуси: „Учеството како двигател на демократијата“ и „Улогата на политичките партии во демократското учество“.