Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Камениот мост добива нов сјај – започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување

Почнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост, еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост, еден од најзначајните симболи на Скопје и препознатливите обележја на градот. Проектот има за цел да ја истакне архитектонската убавина и историската вредност на Камениот мост, создавајќи впечатлива ноќна визура која ќе биде дел од препознатливата панорама на Скопје.

Како што информираат од Град Скопје, современото осветлување ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики и автентичноста на мостот. Посебен акцент ќе биде ставен на неговите препознатливи камени сводови, со цел нивната форма и историска вредност да дојдат до израз, без да се наруши изгледот и карактерот на објектот.

-Камениот мост е сведок на историјата на Скопје и еден од најзначајните елементи на градскиот идентитет. Како врска меѓу двата брега на Вардар, мостот со векови е дел од животот на градот и неговите граѓани, велат од Град Скопје.

Реклама

Реализацијата на проектот е резултат на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, Република Турција, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка.

Од Градот Скопје изразуваат благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци кои се вклучени во реализацијата на проектот.

-Нашите симболи ја носат приказната за тоа кои сме. Наша обврска е да ги чуваме, да се грижиме за нив и достоинствено да им ги предадеме на идните генерации. Камениот мост е симбол на Скопје и заслужува да ја добие вистинската светлина и во ноќната панорама на градот, истакнуваат од Град Скопје.

Нагласуваат и дека со реализацијата на проектот, Камениот мост ќе добие нов визуелен идентитет во вечерните часови, со што дополнително ќе се збогати градскиот простор и туристичката понуда на Скопје.