Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Ридовите од буквално секаков отпад, кој повеќе од две децении се трупа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ридовите од буквално секаков отпад, кој повеќе од две децении се трупа на крушевската депонија, честопати предизвикувајќи самозапалување и екстремно загадување на воздухот, конечно се ставени под контрола. Општината и комуналното претпријатие „Комуна“ со затрупување со земја на отпадот и со извесното поместување на депонијата од стариот несоодветен планински дол, проблемот времено го решаваат. А конечното решение се очекува со профункционирањето на долгоочекуваната Регионална депонија во Новаци, чиј старт треба да биде следната година.

„Ние мора да спречиме самозапалување на депонијата. За да го направиме тоа, мора постојано да ја третираме, односно да ја покриваме со земја, како не би имало можност истата да се запали. Е сега, тоа бара ресурси, време и итн., меѓутоа апсолутно е несериозно да не го правиме тоа, независно што сè бара. Во изминатиот период, за жал, не знам од кои причини, тоа не било направено и ние бевме апсолутно секојдневно сведоци на загаден воздух, а една од работите во кои можете да уживате во Крушево е токму чистиот воздух“, изјави за Алфа Нико Чонески, градоначалник на Крушево.

Депонијата во Крушево над 20 години всушност функционира како дива депонија, без никакви еко-стандарди и претставува темпирана еколошка бомба, која заради близината до крушевската Корија, честопати беше и опасност да ја запали и шумата, а со тоа и првите куќи од градот. Проблемот станува уште посложен заради тоа што во Општината нема мерки за селекција на отпадот, па на депонијата завршува сè – од отпадот од домаќинствата, преку градежниот шут до опасниот, тешкоразградлив био-отпад. Затоа, како на единствено трајно решение, се гледа во изградбата на Регионалната депонија во Новаци и на Претоварната станица во Прилеп. Инаку, постоечката депонија во Крушево зафаќа површина од околу еден хектар, а во блиска иднина се планира и оградување на просторот, но и поставување на видеонадзор.