Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

На најголемиот собир на уредници на Википедија напишано над 400 нови статии 

– Од 11 до 13 септември 2026 година, во хотелот „Метропол“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Од 11 до 13 септември 2026 година, во хотелот „Метропол“ во Охрид, се одржа годишниот собир на уредници на Википедија на македонски јазик, во организација на Викимедија МКД. Годинава, првпат, „Вики кампот“ и „Вики тим билдингот“ се одржаа заедно, обединувајќи ги искусните „Википедијанци“ со учениците, членови на Вики клубови во Македонија, во тридневна програма исполнета со уредувачки активности, предавања и размена на искуства.

Темата на годинашниот вики камп беше „Ботаничари со авторски кратенки“, во чии рамки учесниците работеа на создавање нови содржини на Википедија на македонски јазик. За време на настанот беа напишани над 400 нови статии, со што беше даден уште еден придонес кон збогатувањето на најголемата слободна енциклопедија на македонски јазик.

Паралелно со уредувачкиот дел, во рамките на „Вики тим билдингот“ се одржаа предавања и дискусии посветени на Википедија, нејзините содржини и развојот на википедијанската заедница и проектите на Викимедија. Пред присутните говореа Николче Стојановски, претседател на Викимедија МКД, Снежана Штрковска, извршен директор на Викимедија МКД, Кирил Симеоновски, активен википедијанец и член на извршниот одбор на Викимедија МКД, Бојан Јанкуловски, активен википедијанец со долгогодишно искуство и Јован Тасевски, менаџер за заедница на Викимедија МКД. 

Реклама

„Со заедничкото одржување на „Вики-кампот“ и „Вики тим билдингот“ сакаме да ги поврземе младите уредници со искусните википедијанци и да создадеме простор за споделување знаења и искуства. Нашата цел е да продолжиме да ја збогатуваме Википедија на македонски јазик, но истовремено и да создаваме нови генерации уредници кои ќе придонесуваат кон слободното знаење. Овие настани се дел од бројните активности на Викимедија МКД насочени кон создавање и ширење слободни содржини достапни за секого – изјави Снежана Штрковска, извршен директор на Викимедија МКД.

Викимедија МКД е локален огранок на Фондацијата „Викимедија“, чија мисија е да го поддржува создавањето, збогатувањето и ширењето на слободното знаење во Македонија. Преку своите образовни, уредувачки и други активности, организацијата ја поттикнува заедницата активно да придонесува кон Википедија и останатите проекти на Викимедија.