Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Манасиевски: Остатоците на СДСМ и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист

Остатоците на СДСМ и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Остатоците на СДСМ и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците. Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците, изјави на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.

Повторувам, Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци.

Во исто време, Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

Реклама

Само во Македонското судство и обвинителство, може за случај во кој гинат 16 луѓе да нема ниту еден одговорен. Истото е случај и со модуларната болница каде загинаа 14 лица а нема ниту еден виновник според правосудните органи.

Дополнително, дали е точна информацијата дека овие судии се блиски до структурите на ДУИ?

Почитувани,

Одлуките на Врховниот суд предводено од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, доби уште една потврда зошто довербата на граѓаните во правосудството е на дното.

Политичките инсталации на СДСM и ДУИ градени со години не исчезнуваат преку ноќ. Тие и понатаму се обидуваат да ги користат последните бастиони во институциите за да го заштитат системот што самите го создадоа.

На Македонија не и треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на СДСM и ДУИ. И треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на правдата.

Нема да молчиме и нема да се откажеме. Правда и одговорност мора да има.