Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Михаилов: Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека огнените јазици и оваа летна сезона опустошија стотици хектари низ македонски шуми. Според Михаилов штетите доправа ќе се утврдуваат. Посочува дека бројката на пожари низ македонските шуми не отстапува од просекот во изминатите години. Вработените во Македонски шуми најголемиот рекорд на шумски пожари го бележат во 2007 година, кога имало 652. 

 -Заклучно со месец јули, штетите се движат некаде околу над 4 милиони евра. Значи тоа е голема штета, меѓутоа во однос на она коешто го имаме во текот на изминатите години, сметам дека е релативно мала. Затоа што ако јавноста еве ја запознвеме дека 2024 година имавме фрапантна бројка од преку 83 милиони евра штеата, а минатата 2025 ја завршивме со некаде  над 50милиони евра штета-рече Михаилов.

Михаилов посочува дека по завршувањето на летната сезона, вработените во Македонски шуми ќе влезат во опожарените шусмки подрачја и ќе прават проценки, по што ќе утврдат каде ќе се чистат шумите од опожарената маса, а каде самата ќе се обновува. 

Реклама

-Без разлика колкава површина ќе биде зафатена од секој пожар, тоа не значи дека таа цела површина е целосно уништена. Некаде пожарот воопшто и не зафатил, некаде бил приземен, некаде горело трева. Доколку стеблото или пак листењакот воопшто не се чепнати од пламени јазици, тогаш таа шума многу лесно ќе се  самообнови- изјави Михаилов.

Михаилов забележува дека дел од пожарите се подметнати од пиромани, но има и случаи каде што пожарите се предизвикани од невнимание, како што беше случајот со село Бигла во општина Делчево, каде што изгореа над 200 хектари шума.

Според Михаилов затворските казни за пироманите имаат ефект, но како што вели, потребно е да се работи и на подигање на свеста за последиците од пожарите, од аспект на тоа дека се загадува воздухот, а годинава тоа го почуствуваа и жителите на Скопје.