Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Прилози

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Тон асфалт од 110 евра, „Македонија пат“ го фактурирала за 190 евра.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тон асфалт од 110 евра, „Македонија пат“ го фактурирала за 190 евра. Литар боја за обележување на асфалтот се наплаќал десетпати повеќе од реалната цена. Милиони евра биле исплатени за отштети по сообраќајни незгоди предизвикани од кучиња. Министерот за транспорт Николоски го повика ЈО да се позанимава со работењето на претпријатието во периодот кога со него раководеше власта на СДСМ и ДУИ. Од собраниска говорница јавно апелираше детално да се разгледа ревизорскиот извештај и кривичните пријави кои, како што истакна, самиот тој лично ги потпишал.

„Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај, не мора ништо друго да работат, само да ги прочитаат ревизорскиот извештај и кривичната пријава, што јас лично ја имам потпишано. Јас не се кријам, потпишав над 20 кривични пријави кога бев избран и во периодот потоа од неколку месеци, како доаѓаа работите, и да истражат како таму се работело“, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Николоски појасни дека долгот се зголемувал низ годините поради тужби на компаниите на кои претпријатието им должело, а кои стигнале и до Стразбур.

Реклама

„Крадел кој стигне, кај стигне. Ако литар боја за бојадисување улици, што и не ја користеле, чинела Х денари, ја наплаќале 10 пати поскапо. Да не зборувам за зимското одржување… Само за удари од кучиња – јас знам дека има кучиња, ама не верувам дека сме толкави рекордери – 3,5 милиони евра се пресудени отштети. Таму има формирано една банда, една мафија од адвокати, проценители, вештаци, којзнае како се викаат, и излегува дека до 2024 година, дури беше директор оној Константин Ацески, што си ја тепаше жена си, кучиња секој ден удирале во возила. По 2024 година, некако имаат намалено кучињава да се удираат во возила“, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

И покрај наследената тешка финансиска состојба, Николоски вели дека состојбите се стабилизираат. Огромниот наследен долг е намален, вработените сега редовно земаат плата, а К-15 ќе се исплати во законскиот рок.

„Го затекнавме претпријатието со 34 милиони евра долг, сега е 25, за две години е намален за девет милиони евра. Опремата што ја имаше претпријатието е ставена во функција, сè уште се користат надворешни компании за чистење снег, но не во обем што беше претходно. Се запалија асфалтните бази. Повеќето реконструкции што ги прави ЈПДП, наместо да одат на тендер, одат преку „Македонија пат“, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Николоски посочи дека за разлика од минатото, сега редовно се сервисираат и обврските кон добавувачите, но во рамки на она што е реално како цени на услуги. Дополнителни заштеди се прават и со тоа што добар дел од потребите за интервенции во Јавното претпријатие за државни патишта ги работи „Македонија пат“, со што не само што се обезбедуваат заштеди, туку и се намалува долгот на претпријатието.