Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Прилози

Мицкоски: се работи на механизми за поевтина струја за граѓаните

Имаме стабилна цена на струјата. И покрај тоа што цената  расте на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме стабилна цена на струјата. И покрај тоа што цената  расте на берзите, сепак во Македонија не е поскапена откако е започнат мандатот на  оваа Влада.  Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се работи на механизми со кои цената би останала најмалку иста и од јануари па натаму, но и со можност да биде уште пониска. Целокупната енергетска состојба во државата е на добро ниво, смета премиерот и нагласува дека добро сме покриени во резервите, како на струја, така и на гас.

. Кај нас цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните, откако е оваа Влада, не е покачена и така и ќе остане. Работиме  на таа проблематика да од Јануари, кога ќе почне новиот регулиран период, цената најмалку да остане иста, а да видиме дали ќе успееме да имаме и поевтинување или продолжување на евтината тарифа“.Повеќе од три четвртини се веќе завршени. На време го потпишавме и договорот со Косово за јаглен, со кој драматично ќе се намали цената на произведениот мегават-час електрична енергија во нашите производни капацитети“,истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Според Мицксоки, енергетскиот систем е во подобра позиција пред почетокот на грејната сезона бидејќи акумулациите се на околу 50 проценти, а ремонтите во термоенергетските капацитети се при крај. Посочи дека високите берзански цени во Европа се последица и на ниските водостои на реките, поради што биле ограничувани производствените капацитети на дел од нуклеарните, термо и хидроцентралите.  Но не само на струјата Македонија има убедливо најефтини  цени и  на горивото во Европа. Се прават калкулации за нафтата а мерки веќе имаме.

-Имаме поефтини акцизи согласно закон. Прогласена е кризна состојба. Така што граѓаните треба да знаат дека веќе имаме аплицирано мерки  и како резултат на тие мерки имаме до половина евро за литар пониска цена на  дизел горивата и на безоловниот 95 и 98 октанскиспоредено со соседите во регионот. Тоа предизвика да имаме до 50 отсто зголемен конзум во одредени  некои бензински пумпи посебно во пограничните деловиистакна премиерот Христијан Мицкоски.

Дополнително додава секојдневно се разговара и со увозниците и има доволно количини на гориво а државните резерви се солидни. Нема причини за стравување од недостиг на гориво.