Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Малиот пијанист Андреј од Њујорк во Македонија донесе пехар и златен медал

На единаесетгодишниот македонски пијанист Андреј Цековски во Њујорк му беа врачени златен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На единаесетгодишниот македонски пијанист Андреј Цековски во Њујорк му беа врачени златен медал и пехар за прво место на гала-вечерта на победниците во The DiMenna Center for Classical Music на International Youth Music Competitions. Настапот на гала-вечерта на 5 септември беше круна на успехот, каде што Андреј во една од најпрестижните сали за класична музика во Њујорк свиреше пред меѓународна публика. Тој заедно со медалот и пехарот гордо го држеше македонското знаме.

Жирито на натпреварот ги истакна исклучителната музикалност на Андреј, техничката сигурност и неговата уметничка зрелост, кои ретко се среќаваат кај музичари на негова возраст.

На сцената на DiMenna Center тој настапи заедно со победниците од другите категории – млади музичари од Австралија, Канада, Кина, Полска, САД, Украина, Мексико, Романија, Црна Гора, Турција и други земји.

Реклама

За време на престојот во Њујорк неколку фондации и агенции изразиле сериозна заинтересираност за поддршка на неговото понатамошно музичко образование.

Со ваквите успеси младите таленти како Андреј стануваат вистински амбасадори на македонската култура и ја промовираат Македонија на најпрестижните светски сцени.

Андреј е ученик во шесто одделение во нижото музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, а првата награда ја освои во категоријата USA Classical Hobbyist на натпреварот одржан во март 2026 година. Негов наставник по пијано е Марија Диманин-Богоевска. Пијано почнал да учи на четиригодишна возраст. Андреј е ученик во шесто одделение и во основното училиште „Блаже Конески“ во Скопје. Тој е одличен ученик, освоил неколку државни награди по повеќе предмети, а веќе две години тренира ракомет.