Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прес-релис

ВЛТ навива: Вардар се враќа таму каде што му е местото – во Лигата на шампионите!

Одлична вест за македонскиот ракомет и за сите верни навивачи на „црвено-црните“.  По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлична вест за македонскиот ракомет и за сите верни навивачи на „црвено-црните“.  По петгодишна пауза, РК Вардар 1961 повторно е дел од најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите! „Црвено-црните“ европската авантура ја започнуваат на гостински терен, против силниот германски состав Мелсунген.

Натпреварот ќе се одигра во салата во Касел, со почеток во 20,45 часот. Ова ќе биде првото коло од групата Б во новата сезона на најквалитетното европско клупско натпреварување.

Вардар и Мелсунген во претходниот период одиграа неколку меѓусебни натпревари во Европската лига. Минатата сезона,  одиграа два меѓусебни натпревари во Европската лига. Сега следува нова пресметка, во различни околности и на повисоко натпреварувачко ниво.

Реклама

Како партнер и силен поддржувач, Видеолотарија Касинос Австрија јавно ја дава својата поддршка и верба во победничкиот менталитет на двократниот европски шампион, посакувајќи му успешна сезона и нова шампионска титула.

Со среќа Вардар!