Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Делегација на италијанската Општина Вакарици во посета на Дебар

Делегација на Општина Вакарици, Италија, населена главно со Арбареши, предводена од градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Општина Вакарици, Италија, населена главно со Арбареши, предводена од градоначалникот Антонио Помило, беше во посета на Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Фисник Меља. 
 
„На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на културата и зачувувањето на заедничкото наследство. Исто така, беше разгледана можноста да започнат процедурите за збратимување на двете општини, како основа за заеднички проекти и активности во иднина“, објави Меља на Фејсбук. 
 
Оценува дека средбата претставува важен чекор кон зајакнување на соработката меѓу двете општини.

Се очекува со збратимувањето на општините Дебар и Вакарици да се воспостави институционална и долгорочна соработка, со заеднички проекти во културата, туризмот и други области од взаемен интерес.  
 
Делегацијата се запозна и со убавините кои ги нуди подрачјето кај Дебарско Езеро и оддаде почит пред споменикот на Скендер бег, во центарот на градот.