Повеќе од 1.000 локално стекнати инфекции на вирусот Западен Нил се забележани ширум Европа од почетокот на годинешната сезона на пренос, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
До 3 септември се регистрирани вкупно 1.086 случаи во 15 држави, соопшти ЕЦДЦ. Италија е лидер со 516 случаи, следува Грција со 284 и Шпанија со 88. Македонија, според последните податоци на надлежните, има 52 случаи на западнонилска треска.
Вкупно се погодени 144 подрачја на континентот, меѓу кои 62 во Италија.

Вирусот Западен Нил главно го пренесуваат комарците меѓу дивите птици, меѓутоа заразените комарци можат да го пренесат и на луѓе.
