Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Економија

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат – продолжуваме со уште поголема динамика

Растот на македонската економија од 4,3 отсто во вториот квартал од 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на македонската економија од 4,3 отсто во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења и насоката што ја покажуваат податоците, потенцира  министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во пост на Фејсбук, коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за раст на БДП во вториот квартал годинава.

Таа посочува дека економските политики и во следниот период ќе бидат насочени кон инвестиции, капитални проекти, поддршка на приватниот сектор и одговорно управување со јавните финансии.

-Од раст од 1,6 отсто во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3 отсто. Тоа значи дека не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет, за економија која расте и постепено добива сила. Дали е ова доволно? Не е. Но, податоците покажуваат дека политиките што ги водиме и насоката што ја избравме даваат резултати и дека треба да продолжиме уште посилно и со уште поголема динамика- истакна Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Податоците за структурата на БДП покажуваат дека растот има широка основа. Бруто-инвестициите во вториот квартал се зголемени за 16,5 проценти, извозот на стоки и услуги за 10,4, а градежништвото бележи раст од 21,9 проценти. Позитивни движења се регистрирани и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и угостителството, а растот е поддржан и од домашната потрошувачка.

Резултатот, како што вели, добива дополнително значење имајќи предвид дека е остварен во услови на умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици. Растот од 4,3 отсто е значително над просекот на Европската Унија од 1,2 и еврозоната од 1 отсто.

-Нашата политика е јасна – повеќе инвестиции и капитални проекти, силна поддршка на приватниот сектор, подобро и попредвидливо деловно окружување и одговорно управување со јавните финансии. Ќе продолжиме да инвестираме, да ги реализираме капиталните проекти, да создаваме услови за домашни и странски инвестиции и да го поддржуваме стопанството. Ќе продолжиме со реформите што треба да ја направат македонската економија посилна, поконкурентна и поотпорна- потенцира министерката за финансии и додава дека економските резултати не се создаваат преку ноќ и дека за повисок и одржлив раст се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во политиките.

Целта, како што посочува, е позитивните стапки на економски раст да се преточат во повеќе инвестиции, посилни компании, нови можности и повисок животен стандард за граѓаните.

-Бројките ја покажуваат насоката. Наша обврска е да продолжиме по неа- порача Димитриеска-Кочоска.