Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Економија

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија

ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба на првите два контејнери за батериско складирање на енергија, со моќност од 4 MW, како дел од планираниот проект за батериско складирање. Интегриран со фотоволтаична централа на компанијата со инсталирана моќност од 12 MW, новиот систем овозможува електричната енергија произведена од обновливи извори да се складира и да се користи во периоди кога побарувачката и пазарните услови се најоптимални – се вели во соопштението од ОКТА.

Пуштањето во употреба претставува прва инвестиција на ОКТА во батериско складирање на енергија и значајна пресвртница во пошироката стратегија на компанијата за проширување на портфолиото на обновливи извори на енергија и имплементација на напредни енергетски технологии што ја подобруваат оперативната флексибилност, ефикасноста и одржливоста.

Проектот вклучува најсовремена технологија за батериско складирање на енергија. Во моментов се пуштени во употреба два батериски контејнери, а трет контејнер се очекува да стане оперативен во наредните месеци. По завршувањето на оваа фаза, системот ќе обезбеди приближно 6 MWh капацитет за складирање и околу 3 MW излезна моќност, овозможувајќи поефикасно искористување на електричната енергија произведена од сонцето и поголема флексибилност во управувањето со енергијата.

Реклама

Гледајќи кон иднината, ОКТА планира дополнително да ги прошири своите инвестиции во фотоволтаично производство и системи за батериско складирање на енергија, дополнително потврдувајќи ја својата улога во енергетската транзиција на Северна Македонија и поддржувајќи го развојот на поодржлив, поотпорен и почист енергетски сектор.

„Пуштањето во употреба на првиот систем за батериско складирање на енергија на ОКТА претставува важна пресвртница во нашата трансформација во модерна и поодржлива енергетска компанија. Оваа инвестиција ја зголемува нашата способност максимално да ја искористиме вредноста на производството на обновлива енергија, да ја подобриме оперативната флексибилност и да се приспособиме на енергетскиот пејзаж што постојано се менува. Со интегрирање на складирањето на енергија со нашата фотоволтаична централа од 12 MW, ги поставуваме темелите за попаметен и поотпорен енергетски екосистем. Овој проект е исто така прв чекор во нашата поширока стратегија за проширување на инвестициите и во производството на обновлива енергија и во батериското складирање, поддржувајќи ја енергетската транзиција на Северна Македонија и создавајќи долгорочна вредност за сите засегнати страни“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА.

На годишно ниво, се очекува системот за батериско складирање на енергија да складира приближно 2.100 MWh електрична енергија, овозможувајќи поефикасно искористување на енергијата произведена од фотоволтаичната централа на ОКТА и оптимизирање на целокупното управување со електричната енергија во компанијата.

„Батериското складирање ни овозможува да зачуваме дел од електричната енергија произведена од нашата фотоволтаична централа во периоди на високо производство и да ја искористиме подоцна кога е потребна. На овој начин можеме подобро да ги усогласиме производството и потрошувачката и да постигнеме поефикасен пристап кон управувањето со енергијата. За нас, ова е природно продолжение на инвестицијата во фотоволтаичната централа и важен чекор кон понапредна и поодржлива енергетска инфраструктура“, нагласи Ристо Јаневски, директор за планирање и развој на енергија во ОКТА.

Ваквите системи играат сè поважна улога во глобалниот енергетски сектор. Батериското складирање на енергија е меѓу најбрзорастечките енергетски технологии, особено поради зголемениот удел на електрична енергија произведена од соларни и ветерни централи. Според Меѓународната агенција за енергија (IEA), во 2025 година ширум светот биле инсталирани 108 GW нов капацитет за батериско складирање, што претставува зголемување од околу 40 проценти во споредба со 2024 година.