Да направиме споредба! Во политиката, особено во економијата споредбата мора да постои. Споредбата на бројките е сериозен индикатор дали економската политика дава резултати или треба подобрувања.
Особено за економските „експерти“ од СДСМ што тогаш ја водеа владата, а сега од опозицијата критикуваат. Да направиме споредба на првите осум целосни квартали на владите предводени од ДУИ/СДСМ и владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата. Разликата е јасна, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДСМ и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6%.

Во првите осум целосни квартали на актуелната влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55%.
Тоа е речиси еден процентен поен повисок просечен раст, односно приближно 37% повисоко просечно темпо на економски раст.
Но разликата не е само во просекот.
Уште поважна е стабилноста и континуитетот на растот.
Во првите три целосни квартали на власта на СДСМ и ДУИ, со целосната општествена и политичка поддршка што ја имаа, економскиот раст бил под 1%.
Наспроти тоа, во актуелниот период Република Македонија има осум последователни квартали со реален раст од најмалку 3%.
Од Q3 2024 до Q2 2026 стапките се:
3,0% → 3,2% → 3,0% → 3,4% → 3,8% → 3,8% → 3,1% → 4,3%.
Ова никогаш не се случило во историјата на Република Македонија.
И најновиот податок дополнително ја потврдува позитивната динамика: во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3%.
Зборуваме за две години континуиран економски раст од најмалку 3%, со повисок просек и многу поголема стабилност отколку во првите осум квартали на претходната власт.
Бројките ја покажуваат разликата:
– 2,6% наспроти 3,55% просечен раст.
– + 0,95 процентни поени разлика.
– 37% повисоко просечно темпо на раст.
– осум квартали по ред со раст од најмалку 3%.
– последниот квартал – 4,3%.
Тоа е суштината: повисок раст, постабилен раст и континуитет на позитивниот економски тренд.
