Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Економија

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Расте македонската економија континуирано во последнава година. И покарј предизвиците со војаната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте македонската економија континуирано во последнава година. И покарј предизвиците со војаната на Блискиот исток и осцилациите на цените на нафатата, продолжува да се гради , повеќе да се произведува и  продава. 

Статистика регистрира зголемување на БДП од дури  4,3% во второто тримесечие годинава споредено со истиот период лани . Градежништвото останува главен двигател на економијата кој во последните месеци белижи скок од 21,9 отсто.

„Ако ја погледнеме целата патека, од 1,6% раст во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3%.​Уште поважно е што во сите 10 последователни квартали во овој период, економијата бележи позитивен раст, а во најголемиот дел од периодот стапките се движат околу и над 3%“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Реклама

Зголемената економска активност, поволните кредити од унгарскиот заем, од Европската банка за обнова и развој, но и од комерцијалните банки додаваат дополнителна сигурност за македонскиот БДП. Сето ова Македонија ја става меѓу земјите од Европа со најголем раст на економијата.

„Според достапните податоци за вториот квартал од 2026 година, со економскиот раст од 4,3%, Македонија е меѓу европските земји со највисок раст. Повисоки стапки бележат Словенија со 5%, Данска со 4,7% и Малта со 4,5%.​Истовремено, растот на македонската економија е значително над просекот на Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1%.“, додаде Кочоска.

Според досегашните резултати, растот од 4,3 отсто во вториот квартал веќе е над горната граница од владената проекција за целата година. Според Кочоска, се очекува позитивниот тренд да продолжи и во третиот квартал. Во моментов во полн ек се градежните активности, но забележеана е изголемена активност во преработувачката индустрија. Според проценките, ваквиот раст треба да придонесе и за подобрување на животниот стандард на граѓаните, но и повеќе кможности за компаниите, нови инвестиции и поислна и поконкурентна македонска економија.