Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Економија

Димитриеска-Кочоска: Очекувам уште повисок износ на инвестициите, успешно го менаџираме јавниот долг

Министерката за финансии  Гордана Димитриеска Кочоска очекува уште повисок износ на инвестициите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии  Гордана Димитриеска Кочоска очекува уште повисок износ на инвестициите во третиот квартал откако во вториот квартал  забележаа раст од 16,5 проценти.  

– Растот на инвестиците е и резултат на нашата одлука да го поддржиме приватниот сектор со кредитите од Развојната банка преку комерцијалните банки, тоа дава резултати. Очекувањата се секогаш дека третиот квартал треба да биде уште подобар во однос на вториот квартал имајќи предвид дека е навистина поволен за инвестици –  она што значи инфраструктура на отворено,  рече Димитриеска Кочоска на новинарско прашање на прес-конференција во Владата на која се осврна на податоците за растот на БДП во вториот квартал годинава.

Во структурата на БДП, како што рече, особено силен импулс доаѓа од инвестициите. – Бруто-инвестициите во вториот квартал бележат реален раст од 16,5 проценти, што укажува на засилена инвестициска активност во економијата – наведе министерката за финансии. 

Реклама

Прашана за коментар на прашањата и тврдењата на лидерот на опозициската СДСМ Венко  Филипче „за што ќе се трошат 1,3 милијарди евра ново задолжување и зошто во ребаланост на Буџетот ги нема 350-те милиони евра кои ги должи Јавното претпријатие за државни патишта со кои, како што велат, јавниот долг би достигнал 65 проценти од БДП“ министерката рече дека „опозицијата ги измешала комплетно работите“ и оти од Министерството за финансии транспарентно ги објавува податоците. 

– Долгот на јавното претпријатие, е долг којшто влегува во Стратегијата за управување со јавен долг и во Фискалната стратегија, но не е дел од долгот на централната власт и секако дека не може да влезе во Буџетот. Значи, во Буџетот долгот на јавно претпријатие не влегува. Влегуваат само долговите на сите институции коишто се дел од централната влада. Како се пресметани математиките за да се стигне до 65 проценти – сега јас ве цитирам вас бидејќи вие спомнавте, не сум видела што кажуваат тие за јавниот долг – мене не ми е јасно, но она што можам да го кажам за изминатите три години е дека Министерството за финансии е транспарентно во објавувањето на податоците и нема што да се крие, рече министерката.

Таа посочи дека на седница на Влада се уште не се разгледувани податоци за новата евробврзница што треба да се  издаде во 2027 година и посочи дека институциите се организираат навремено за да обезбедат средства да ги вратат старите долгови. 

– Долгот којшто опозицијата го остави за 2027 година е скоро една и пол милијарда евра. Тоа се долгови коишто тие ги имаат направено и ние треба да ги вратиме. Легитимно е дека мора навремено да се организираме за да обезбедиме средства за да ги вратиме старите долгови.  Морам да потенцирам уште една работа – ова е она што значи хартии од вредност, внатрешен и надворешен долг во однос на кредитите, меѓутоа имаме и државни записи коишто се со рочност од 12 месеци, коишто во 2027 година се околу една милијарда и 100 милиони евра, и тие се исто така обврска. Па кога ќе ги додадете на овие скоро една и пол милијарда, јасно е колкава е обврската што треба да ја вратиме следната година.  Во фискалната стратегија имаме предвидено буџетски дефицит од 3,5 проценти, тој треба да се финансира. Се тоа јасно покажува дека ние навремено треба да се организираме. Но, не можеме да го занемариме фактот дека една и пол милијарда треба да вратиме стари долгови. Така што мислам дека невкусно е прашањето за што ни требаат 1 милијарда и 300 милиони евра, кога луѓето — барем оние кои се дел и од пратеничката група, а седеле во министерските фотељи во 2024 година треба да знаат што оставиле – рече министерката за финансии. 

Следната еврообврзница, посочи, доспева во март и ќе видиме во кој период ќе ја изададеме, но, таа би требало да се искористи не само за претходно издадената, туку и за други долгови од претходната влада по основ на кредити од билатерални кредитори итн.  – Не е долгот тие 1,5 милијарда евра што треба да се  вратат во 2027 година, не се однесуваат само на еврообврзницата, туку и на други кредити кои претходно ги имале земено. На пример во декември 2023 година од тогашниот министер за финансии бие птпишани 12 закони за задолжување поминати во Собрание – посочи Димитриеска Кочоска. 

 Јавниот долг како процент од БДП, оцени таа,  јасно кажува дали ние го зголемуваме долгот  или се движиме во рамки на она што значи некоја психолошка граници.

– До овој момент во овие две години успешно го  менаџираме тоа, но не можеме да го занемариме фактот дека тие за 7 години направија огромно зголемување на долгот за 10 проценти од 47,5 на над 58. Во 2024-та тие оставија празна каса на половина на годината и имавме потреба од дополнително задолжување и  зголемување на буџетскиот дефицит во тој период затоа што не беа предвидени сите обврски – ние таа година ја завршивме со јавен долг над 60 проценти, а денес имаме под 59 проценти што покажува дека успешно го менаџираме, рече Димитриеска Кочоска.