Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Економија

Финансиска поддршка за првачињата од Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила

Општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила обезбедија и ќе доделат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила обезбедија и ќе доделат финансиска поддршка за учениците во прво одделение. Највисока еднократна парична помош ќе добијат родителите чии првачиња ќе учат во основните училишта во Општина Новаци каде тамошната локална самоуправа одлучи да додели ваучер од 10.000 денари за првачињата, но и по 6.000 денари за учениците од второ до деветто одделение.

Општина Могила ја зголеми ланската финансиска поддршка и годинава ќе исплати по 9.000 денари за секое прваче, а Општина Демир Хисар ќе додели по 7.000 денари за секој ученик кој годинава е запишан во прво одделение.

Над сто првоодделенци во пет основни училишта на територијата на Општина Ресен оваа година ќе добијат по 5.000 денари, потврдија за МИА од тамошната локална самоуправа, а Општина Битола на родителите на 666 првоодделенци ќе им додели по 3.000 денари еднократна парична помош.

Реклама

Финансиската поддршка на семејствата кои имаат првоодделенци е континуирана и секоја година општините од Пелагонискиот плански регион ги доделуваат како мерка за намалување на трошоците во првата училишна година.