Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

На околу 2 километри од Прилеп, во објект со високо ниво на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На околу 2 километри од Прилеп, во објект со високо ниво на физичка и техничка заштита, веќе три години, 24/7, работи државниот Центар за опоравување од катастрофи и обезбедување континуитет во работењето. Изграден е како секундарен, резервен дата-центар. Неговата улога е, во случај на сериозен дефект, природна непогода, пожар, сајбер-напади или друг инцидент што би ги загрозил примарните системи, да овозможи нивно опоравување и продолжување на работата. За разлика од главниот, примарен дата-центар, секундарниот не е наменет да биде главното место каде што функционираат државните информатички системи. Суштинската улога е да биде сигурна резерва токму тогаш кога примарната инфраструктура би била недостапна.

Дел од прилепчани сметаат дека се потребни повеќе информации за суштината на функционирањето на овие системи, некои пак се доволно запознати, но сите се едногласни дека ваквите центри се повеќе од потребни во овие нови, современи околности и дека потрошувачката на струја и вода за нивното работење не би требало да биде голем товар врз енергетскиот систем и водните ресурси во земјава.

„Секаде во светот има такви објекти. Мора да има и кај нас за складирање на информации. Тоа се фори и фазони што кажуваат – зголемена потрошувачка на струја и вода… Тоа се фори и фазони. Треба да постојат такви центри – да“, ни рече еден прилепчанец.

Реклама

„Не знаев што е. Од телевизииве разбрав како е, што е. Ние, граѓаниве, не можеме уште да навикнеме дали се во право или не се во право. Не можеме ние да си нагаѓаме… Кога ќе ни кажеш дата-центар, треба да ни се раскаже што е тоа. Вака – не знам ни оти имало, од телевизијава што слушнав“, кажа друг граѓанин.

„Патот до Европа води преку информации, инаку без информации – нема“, смета трет.

„Не сум запознаена, но во ред е – треба да има. – Како ги оценувате дебатирањата дека ќе има зголемена потрошувачка на струја и вода? – Тие само да прават гужва, инаку нема потреба за такво нешто, треба прво добро да се информираат – зошто се против, па да знаат зошто се против, тоа е мое мислење“, рече повозрасна прилепчанка.

Инаку, прилепскиот ИКТ-центар не треба да се поистоветува со новиот национален, примарен центар. Двата центри имаат различни, но меѓусебно поврзани функции, едниот како главен, другиот како резервен центар, со цел државните дигитални услуги и податоци да останат достапни и во услови на сериозни прекини или кризни ситуации. Досега, во прилепскиот ИКТ-центар има колокација на опрема на: ЦУК, ДЗС, Царинската управа и од поранешното Министерство за информатичко општество и администрација.