Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Прилози

Заврши летниот распуст, почна новата учебна година

Одекна звукот на првото училишно ѕвонче низ училиштата. Детски џагор, родителска среќа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одекна звукот на првото училишно ѕвонче низ училиштата. Детски џагор, родителска среќа, насмевки, прегратки, па и по некоја солза радосница или страв од неизвесност беа видливи кај оние кои денеска за првпат тргнаа на училиште. И годинава највозбудени се првачињата. Новата учебна година почна за околу 238 илјади ученици – 64 илјади средношколци и 174 илјади основци од кои околу 15 000 се првачиња. Трета година по ред учебниците навремено се доставени до сите ученици, воведена е едносменска настава во 620 училишта, а паралелно се оптимизираат и паралелките. Со спојување на паралелките кои имаа мал број ученици, оваа учебна година почнува со 433 одделнија помалку.

„На првачињата им посакувам да се описменат, да научат да читаат и пишуваат, многу да се дружат, заеднички да ја делат радоста, понекогаш и тагата, да бидат многу љубопитни и многу да прашуваат, размислуваат и да го кажуваат своето мислење. Среќен почеток и многу успех. Знаењето е многу важно за личниот живот но и за целото општество. Со среќа!“, изјави Весна Јаневска, министер за образование и наука.


До 30 септември ќе важи и мерката за најмалку 15 отсто пониски цени на училишниот прибор, а во октомври се очекуваат и конкурсите за ученички стипендии. Под слоганот „Прекини го кругот на насилство – не биди публика“, почетокот на учебната година е проследен со капмања против врсничко насилство, која ја реализираат Министерството за образование и наука во соработка со „Македонски Телеком“. Кампањата е насочена кон превенција од насилство во училиштата, со акцент на едукацијата и активното учество на младите кон создавање побезбедна средина.