Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Кумановските пожарникари со околу 100 интервенции помалку од истиот период, лани

Територијалната противпожарна единица Куманово годинава бележи околу 100 интервенции помалку во август…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Територијалната противпожарна единица Куманово годинава бележи околу 100 интервенции помалку во август во споредба со истиот период лани. Според командирот Борис Станковски, во јуни и јули, ТППЕ Куманово имала просечно по 65 до 70 интервенции месечно, без поголеми пожари на територијата на општината.

-Во месецот јуни и јули бележиме во просек околу 65 до 70 интервенции. Во тие два месеци немаше некои позначајни или поголеми пожари на територија на општина Куманово- вели Станковски.

Значителен дел од јулскиот ангажман на пожарникарите бил поврзан со невремето што ја зафати општината. Пожарникарите интервенирале на отстранување паднати дрвја и лимови од покриви, во координација со ЈП „Чистота и зеленило“. Покрај Куманово, ТППЕ интервенира и во соседните општини каде нема противпожарни единици или локалните капацитети не се доволни. Во август повеќепати интервенирала во Липково, вклучително и во Никуштак, каде пожар зафатил и дел од шумски појас.

Реклама

-Во општина Липково одиме на секоја интервенција затоа што таму нема противпожарна единица- посочува Станковски.

Кумановските пожарникари помагаат и во Старо Нагоричане, каде се ангажираат кога локалните капацитети не можат самостојно да одговорат на пожарите.