Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор

– Во периодот од 1 јуни до 31 август 2026 година, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во периодот од 1 јуни до 31 август 2026 година, на територијата на државата се регистрирани вкупно 1.696 пожари на отворен простор, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.

Од вкупниот број регистрирани пожари, како што вели, 69 биле шумски пожари, додека 1.627 пожари биле регистрирани на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста деградирана шума и ѓубришта, односно депонии.

-Во наведениот период, Центарот за управување со кризи континуирано ја следеше состојбата со пожарите и вршеше координација со надлежните институции и расположливите ресурси, со цел навремено справување со пожарите, спречување на нивното ширење и заштита на населението и материјалните добра. Апелирам до граѓаните на максимална внимателност и одговорност и на доследно почитување на мерките за заштита од пожари. Да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат отпушоци и запалив отпад во природата, а секое забележано чадење или пожар веднаш да се пријави на единствениот број за итни случаи 112, посочува директорот на ЦУК Али.