Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ја креира иднината на Македонија, а СДСM шири хистерија и за дата центрите

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во вечерашното гостување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во вечерашното гостување во гостување на една од националните телевизии, изјави дека јавноста е запознаена со концептот на постоење на дата центри и дека истите претставуваат дел од она што се нарекува дигитална инфраструктура и претставуваат иднина. Истовремено, Лефков посочи дека „ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од иднината, напротив ја планира и ја предвидува и ја води Македонија да биде една современа држава во секој облик“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Лефков истакна дека дата центрите како дел од дигиталната инфраструктура се значајни од повеќе аспекти: од создавање на високо платени работни места, трансфер на знаење и технологии, како и изградба на една квалитетна дигитална инфраструктура, додека опозицијата пласира тези од пред неколку декади ширејќи хистерии во јавноста.

„За жал СДС предводен од Венко Филипче одбра уште еднаш да шири хистерии за оваа тема, обидувајќи се да скандализира и притоа користејќи тези коишто датираат од пред неколку декади, зборува за електрична енергија, за тоа дека ќе биде експлоатирана водата, напротив Владата на ВМРО-ДПМНЕ одговорно пристапува кон овие проекти и нема да бидат направени на штета на животната средина, на ниту еден начин“, рече Лефков.

Реклама

Лефков ја потенцираше разликата којашто треба да се прави помеѓу дата центрите како приватни инвестиции и дата центрите како национална обврска, кои впрочем се дел од Реформската агенда, и обврска на Република Македонија е изградба на Национален дата центар, додека хистеријата и стравот околу овие дата центри конструирани од опозицијата има за цел спречување на, како што вели Лефков, растот и развојот на Македонија во оваа насока.

„Во Македонија веќе постојат, ако погледнете и ако пребарувате, ќе видите дека постојат 4 до 5 дата центри, самите дата центри се разликуваат, дали се за чување на податоци, дали се за некои други намени, меѓутоа станува збор за искривување на тезите и обид за ширење на хистерија“, кажа Лефков и додаде:

„Ако станува збор за национални дата центри, тој Национален дата центар којшто треба и е дел од Реформската Агенда има само една цел, а тоа е да го олесни пристапот на граѓаните кон услугите на државата.“

Пратеникот Лефков потсети дека за време на владеењето на СДС, јавноста сведочеше на хакерски и сајбер напади и на ФЗО и на Министерството за земјоделие, при што граѓаните не можеа да ги остварат нивните уставни и законски загарантирани права, додека пак изградбата на квалитетни дата центри има за цел да биде и поддршка при давањето на услугите што ги нуди државата.

„Во нивно време кога имаше хакерски и сајбер напади и на ФЗО и на Министерството за земјоделие, граѓаните не можеа да ги остварат основните права, дали за субвенции кај Министерството за земјоделие, дали станува збор за одредени права од ФЗО. Со изградба на квалитетни дата центри коишто ќе бидат поддршка на овие услуги кои ги нуди државата, користа и бенефитот ќе ги видат граѓаните, а тоа е целта и на Европската агенда, на тој начин се усогласуваме со законодавството и со стандардот на ЕУ, со нудење на квалитетни услуги, транспарентни услуги, со подобро менаџирање на јавните финансии итн.“, заврши Лефков.