Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Продолжуваат активностите за расчистување и санирање на последиците од невремето што го зафати Кочани

Во Кочани денеска продолжи расчистувањето на остатоците од невремето на повеќе локации,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Кочани денеска продолжи расчистувањето на остатоците од невремето на повеќе локации, меѓу кои и потегот од „Лукоил“ до СОУ „Гошо Викентиев“, како и просторот во самото средно училиште, информираат надлежните служби на Општина Кочани.

Во активностите на терен се вклучени Општина Кочани, КЈП „Водовод“, ЈП „Национални шуми“ – Подружница Кочани и ТППЕ – Кочани. Паралелно се работи и на санирање на останатите пријавени проблеми  предизвикани од невремето.

Градоначалникот Владко Грозданов претходно со изјава објавена на фејсбук профилот на Општината соопшти дека невремето што беснееше дваесетина минути на 29 август вечерта во Кочани оштети неколку автомобили, куќи останаа без кровови и олуци, водоснабдувањето неколку часа беше во прекин. Делови на неколку помали места и денеска се без електрична енергија.

Реклама

Од Општина Кочани апелираат до граѓаните на трпение и разбирање до комплетното санирање на состојбата.