Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлација која се намалува, мерки за најмладите на почеток на учебната година, СДСМ ова не може да го поднесе и шири лаги и паника меѓу граѓаните

СДСМ на Венко Филипче и оваа седмица ја започнува со ширење на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ на Венко Филипче и оваа седмица ја започнува со ширење на лаги и хистерија. Очигледно тоа е резултатот кога ова раководство на СДСМ не може да се помири со реалната ситуација во државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

И во период на една од најголемите светски кризи на Блискиот Исток, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги задржа цените на нафтените деривати на најниско ниво од земјите во регионот, а има и доволно нафтени деривати и од соседните држави доаѓаат по гориво во Македонија. 

Дополнително и состојбата со цените е стабилна. Според Државниот завод за статистка инфлацијата во континуитет се намалува и сега изнесува 2,3 проценти. За разлика од периодот на владата на СДСМ, кога инфлацијата беше високи  16 проценти.

Реклама

За почетокот на учебната година пак се донесени посебни мерки. Одлуката на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ги обврзува трговците на големо да ги намалат цените за најмалку 10 проценти, а во малопродажба да се намалат најмалку 15 отсто. И мерката опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците ранци, тетратки, блокови, моливи, пенкала, боици, пластелин и слично.

Состојбата во Македонија говори само едно, инфлација која се намалува, мерки за најмладите на почеток на учебната година. И секако дека СДСМ сето ова не може да го поднесе. Очигледно единствено на што се сетиле е продолжување на серијата ширење лаги и паника меѓу населението.