Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

И покрај намалувањето на бројот на ученици, во Општина Прилеп сите училишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај намалувањето на бројот на ученици, во Општина Прилеп сите училишта во претстојната учебна година остануваат отворени, а наставниците кои се во редовен работен однос си продолжуваат со работа. Според градоначалникот, ова се прави најмногу за опстанокот и понатамошниот развој на руралните средини. Ова, особено откако евентуалното затворање на некои од руралните училишта, опозициските партии го искористија за дневно-политички поени.

„Со овој процес нема загрозено населено место. Продолжуваат да функционираат сите подрачни училишта на општинските основни училишта и со ова сметам дека оптимизацијата е одлично завршена и дека Прилеп, како и секогаш, останува лидер. Дури и она непопуларното прашање, кое што се форсира во дневно-политичките препукувања на политичките партии дека многу вработени во основното образование ќе останат како технолошки вишок, можам со гордост да кажам дека во Прилеп ниту еден наставник нема да остане без работа“, – изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Главниот акцент на оптимизацијата е ставен на тоа подрачните училишта да останат да функционираат и со тоа да се задржи животот во населените места, младите родители и луѓето да продолжат да живеат во руралните средини, со што би се поттикнало и земјоделието, а што, пак, би имало бенефит и врз економскиот капацитет на градот преку поефективното полнење на општинскиот буџет.

Реклама

Инаку, во Прилеп има 10 централни и 15 подрачни училишта, од нив 7 централни училишта се во градот, а три во населени места. Во моментов има околу 5.600 ученици од прво до деветто одделение, а наставата ќе се одвива во 333 паралелки.

„Важно е да се напомене дека имаме над 510 првачиња оваа година и тие ќе одат во сите училишта… Околу 30-тина ученици во моментов сме помалку од лани, но во одредени училишта процесот на запишување трае дури до ноември, така што постои можност да ја надминеме таа бројка, со оглед на тоа што имаме околу 700 ученици на список кои што би требало да бидат запишани во прво одделение“, – рече Гоце Бумбароски од Секторот за образование при ЛС Прилеп.

Годинава, новина е и тоа што Општината, на секое семејство кое има прваче, ќе му додели еднократна парична помош во висина од 3.000 денари, пари кои веќе се обезбедени во општинската каса. Јавниот повик за оваа цел ќе биде објавен на 1 септември.