Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Економија

Николоски: Автопатот Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, проектот опфаќа 5 тунели, 4 галерии, 11 моста или над 40 објекти на трасата

Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект треба да го зајакне транспортното и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект треба да го зајакне транспортното и економското поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.

– Автопатска делница во должина од 10 и пол километри, исклучително комплициран терен, исклучително тежок терен. Ќе имаме 5 тунели, 4 галерии, 11 моста, со сѐ помали објекти вкупно над 40 објекти треба да се изградат на оваа делница. Иако во километри делницата е кратка, како што кажав, е доста комплицирана, но со завршувањето на оваа делница ќе имаме целосно автопатско поврзување помеѓу Скопје и Приштина. Исто така го отвораме Скопје и Македонија кон најмалку две пристаништа — ова е алтернативно поврзување со пристаништето Драч, но исто така и поврзување со пристаништето Бар – истакна Николоски.

Нашата визија како Влада, како што посочи министерот Николоски, е Македонија да стане инфраструктурно срце на Балканот.

Реклама

-Низ Македонија се сечат двата паневропски коридори: Коридорот 8 и Коридорот 10. Исто така во близина е коридорот Струма којшто поминува низ Бугарија, а со овој автопат којшто денес го почнуваме ќе се поврземе и на Јадранско-јонската магистрала, со што визијата на Владата и на премиерот Мицкоски за ‘Македонија — срце на Балканот’ се остварува- нагласи Николоски.