Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Економија

Мицкоски: ВИ и дата центрите се новата нафта, што на Македонија може да и овозможат долгорочен развој

Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент, кој ќе и овозможи долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Тој, истовремено, упати остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата.

Премиерот Мицкоски посочи дека сите проекти мора да се реализираат со целосно почитување на законските прописи и заштита на животната средина, но, нагласи дека противниците на овие инвестиции делуваат со сомничави мотиви.

Реклама

-Лично мислам дека одредени структури во општеството имаат поинаква цел, а најмалку да ги заштитат интересите на граѓаните. Истите тие кои беа најгласни против инвестициите во антимонот и златото, сега се против и за дата центрите. Во суштина, тие се против тоа Македонија да се развива. Кога целиот свет граба кон вештачка интелигенција, имаме луѓе кои за одредена донација или грант од сомнителни извори се обидуваат да ни го поматат умот со нелогични изјави. Развојот на човештвото е неповратен процес и јас апсолутно стојам зад тоа дека дата центрите треба да се градат“, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).