Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Свет

Врховниот суд на САД дозволи Трамп засега да продолжи со плановите за построги правила при гласањето по пошта

Врховниот суд на САД синоќа ја укина судската наредба со која привремено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врховниот суд на САД синоќа ја укина судската наредба со која привремено беа блокирани плановите на претседателот Доналд Трамп за заострување на правилата за гласање по пошта, нешто повеќе од два месеца пред одржувањето на конгресните избори во земјата, пренесе ДПА.

Иако конечната одлука за мерките се уште не е донесена, одлуката на Врховниот суд и овозможува на администрацијата засега да продолжи со нивното спроведување. Се уште не е јасно како промените би можеле да влијаат врз конгресните избори закажани за 3 ноември, а можни се и нови судски постапки.

Трамп сака промените да бидат воведени пред изборите. Републиканскиот претседател тврди дека тие имаат цел да спречат изборни измами, додека критичарите го обвинуваат дека се обидува да ги стави во понеповолна положба гласачите на Демократската партија кои почесто од републиканците гласаат по пошта.

Реклама

Суд во Бостон претходно привремено го блокираше воведувањето на новите правила, а подоцна ја прошири забраната на сите 50 сојузни држави. Судот, исто така, оцени дека администрацијата нема овластување да ги регулира изборите, бидејќи според Уставот на САД тоа право главно им припаѓа на сојузните држави.

Врховниот суд во Вашингтон не се произнесе дали плановите на Трамп за гласањето по пошта се во согласност со Уставот, туку ја укина судската наредба. Одлуката ја поддржаа шесте конзервативни судии, додека тројцата либерални судии изразија несогласување.

На крајот на март Трамп потпиша извршна наредба со која од Поштенската служба на САД се бара да испраќа изборни материјали за гласање по пошта само до лица кои се наоѓаат на однапред утврдените избирачки списоци на сојузните држави.

Судијката од првостепениот суд во Бостон претходно оцени дека треба да се задржи постојната состојба пред претстојните избори. Таа предупреди дека останува се помалку време за информирање на гласачите за тоа како построгите правила би можеле да влијаат врз нив доколку сакаат да гласаат по пошта.

Според неа, извршната наредба на Трамп предизвикува забуна и носи ризик од создавање хаос.

Тужбата против плановите на Трамп ја поднесоа непартиски организации, кои велат дека нивната цел е да се зголеми излезноста на гласачите.