Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Теарце и претставници од ЈП „Национални шуми” денеска, на неколку локации на подрачјето на Полициското одделение Теарце, спроведоа превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи“.
За време на активноста, како што информира МВР, на граѓаните им беше укажано на потребата од зголемено внимание за заштита на шумите од пожари, а на возачите им беше препорачано да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шумите да не фрлаат догорчиња од цигари или стаклени предмети.
-Населението беше запознаено и за законските импликации доколку се загрозува природата со несовесно однесување кое може да придонесе за предизвикување на општа опасност или пак предизвикување пожар. За време на активноста беа делени и летоци со информативно-едукативни содржини, наведува МВР.

И полициската станица Делчево денеска реализираше превентивна активност за превенција и заштита од пожари и незаконска сеча и транспорт на дрва, на повеќе локации селата Бигла, Драмче и Илиово, како и на планината Голак, заедно со Регионалниот центар за гранични работи Исток и Шумска полиција.

