Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

       По наследената огромна финансиска дупка од над 200 милиони денари, или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       По наследената огромна финансиска дупка од над 200 милиони денари, или од околу 3,3 милиони евра во 2024 година, прилепската Општа болница се консолидира. За период од само една година, главниот долг е намален на 97 милиони денари, што претставува најголемо финансиско стабилизирање на установата во последните години. А за период од само 24 месеци, во оваа здравствена установа се инвестирани околу 150 милиони денари, од кои 110 се од сопствениот буџет, а 40 милиони денари се од донации. Напоредно, екипирана е и кадровската структура, така што сега во болницата има 92 доктори специјалисти, 30 општи, 14 стоматолози, 46 доктори специјализанти, 224 медицински сестри, како и друг медицински персонал во вкупна бројка од 713 лица во редовен работен однос, брифираат од ЈЗУ Општа болница, Прилеп.

  „Болницата на дневно ниво обезбедува здравствена услуга за повеќе од 1.000 пациенти, а располага со стационарен капацитет од 345 болнички кревети. Таа во моментов претставува Регионален здравствен центар кој освен од четирите соседни општини – Кривогаштани, Долнени, Крушево, Македонски Брод, во последно време лекува пациенти и од Кавадарци, Кичево, Битола, а и од други градови, чија вкупна бројка изнесува над 150.000 осигуреници“, – информираат од болницата.

  Досега набавените средства опфаќаат современа медицинска опрема, апарати, болнички инвентар, медицински материјали и друга неопхподна опрема за непречено функционирање на болницата, но и за примена на новите методи на лекување. Особено внимание е посветено и на новите вработувања кои само за овој период изнесуваат 124 лица, а ќе следуват уште.

Реклама

  „Како резултат на воспоставувањето на законито, домаќинско и транспарентно работење, болницата доби и позитивен контролен ревизорски извештај, кој претставува потврда дека преземените мерки за финансиска консолидација и законското работење даваат конкретни резултати“, – уверува менаџерскиот тим.

   Инаку, финансискиот скандал во прилепската болница поврзан со претходното раководство, почна да се одмотува лани во октомври, кога при голема акција на Финансиската полиција беа приведени вкупно 32 физички и правни лица кои беа осомничени за злоупотреби на јавни набавки, на службената положба и за фалсификување и уништување деловни книги, со што предизвикале штета во вредност од околу 800.000 евра. На неколку наврати имаше и притвори. Во моментов истражната постапка продолжува во ЈО за гонење на организиран криминал и корупција.