Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Момчето што скрши вратен пршлен во Кушадаси е во подобрена  здравствена состојба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Момчето што скрши вратен пршлен во Кушадаси е во подобрена  здравствена состојба и почнал самостојно да јаде.   Др. Мерџановски вели дека тој е контактибилен и свесен, дише самостојно и  е надвор од животна опасност. Следните денови  ќе биде префрлен на трауматологија а потоа ќе започне и со физикална рехабилитација.

– Физикалаците веќе почнуваат да работат со пациентот и веќе во следнава недела веројатно ќе биде префрлен во одделот за трауматологија каде што уште повеќе ќе се работи со физикалната терапија на поврденото момче. После ќе биде префрлен во центрите за рехабилитација и да се надеваме дека ќе биде со во ред–истакна директорот на ТОАРИЛУЦ др. Игор Мерџановски

Мерџановски апелира до родителите и децата да се внимава кога се скока во базени  или плитки води, за да не дојде до несакана повреда на рбетниот столб па дури и инвалидитет.

Реклама

-Овие повреди се едни од најтешките повреди на вратот на рбетниот столб  едни од најтешките повреди каде што се оштетува рбетниот мозок. При самото скокање ако е плитко се дочекуваат на главата со нестаегната мускулатура затоа што е тоа рекреативно скокање каде што настанува кршење на дел од вратните пршлени. При тоа кршење на вратните пршлени настанува експлозија која што го оштетува рбетниот мозок–истакна директорот на ТОАРИЛУЦ др. Игор Мерџановски

Апелира посебно внимание да се обрне и при возењето на мопедите и тротинетите бидејќи и таму  повредите се токму на рбетниот столб .Инаку по барање на турските лекари и поради сериозноста на повредата, повреденото момче вчера со организиран  медицински транспорт со владиниот авион беше  пренесно и   хоспитализирано на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување.