Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Историска средба помеѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Украина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Историска средба помеѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Украина Володимир Зеленски кој за прв пат дојде во Белград. Лидерите изразија меѓусебна поддршка и соработка во економските и политичките сегменти. На средбата се разговараше и за европскиот пат на двете земји при што Вучиќ изрази скептичност за влез на Србија во Европската унија во блиска иднина, иако смета дека двете земји заеднички се поддржуваат за влез. Претседателот на Србија ја потврди поддршката на територијалниот интегритет на Уктраина, искажан преку неговото признание за почит на интегритетите на сите земји членки на ОН.

„Како политички ветеран, во овој момент не гледам можност, пред сè за Србија, наскоро да стане членка на ЕУ, од бројни политички причини“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Вучиќ изјави дека ја разбира украинската желба за што поскоро да влезе во ЕУ но истакна дека Украинците не треба да очекуваат едногласно одобрение од земјите членки. Тој рече дека Србија никогаш нема да ѝ создава проблеми на Украина на нејзиниот европски пат и притоа посочи дека „тие (мислејќи на Унијата) секогаш ќе најдат некого“: за Србија ќе најдат некои Хрвати, Бугари, Холанѓани, а за Украина ќе најдат некои други.

Реклама

Вучиќ истакна дека и трговската размена помеѓу двете земји е значително зголемена од лани. Во 2025 изнесувала 450 милиони долари, а оваа година веќе стигнала до 321 милиони. Најзначаен експорт на Украина кон Србија е железната руда. Зеленски пак истакна дека преговорите за слободна трговија помеѓу двете земји напредуваат и се надева дека ќе завршат до крајот на 2026.

„Треба напорно да работиме за да постигнеме договор за слободна трговија. Преговорите напредуваат и тоа е позитивно. Би било добро сè да подготвиме до крајот на оваа година“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина

Украинскиот претседател се заблагодари за поддршката како и за новиот пакет хуманитарна помош од Србија. Тој истакна дека Украина е се уште во тешка безбедносна ситуација и дека интензивните руски напади во текот на изминатите денови го потврдуваат тоа. Вучиќ истакна дека не се разговарало за било каква воена помош но дел од разговорите биле и потенцијална помош од страна на Србија за реконструкција на Украина. Средбата вклучуваше и потпишување на Меморандум за разбирање во областа на земјоделството.