Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Со сè уште болни и свежи сеќавања на тоа кобно осмоавгустовско утро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со сè уште болни и свежи сеќавања на тоа кобно осмоавгустовско утро во 2001-та, Прилеп и Македонија денес, 25 години потоа, достојно и со длабока почит им се поклонуваат на 10-те бранители кои тргнаа во одбрана на својата татковина за никогаш да не се вратат дома. Конвојот од 118 армиски резервисти, кој тргна од прилепската касарна, подмолно беше нападнат од терористичка заседа кај Карпалак. За десетмина од нив останаа немо и болно да сведочат само нивните пеплосани тела.

„Емоциите се секогаш тука присутни. Дали на денот или претходните денови, емоциите се тука, но се трудиме сето тоа да го земниме со некое добро дека ќе оставиме за во иднина, како што сме познати дека државата Македонија отсекогаш се градела со херои. И тоа нè води во животот дека барем тие што ги дадоа животите ќе останат запаметени како херои“, рече Игор Петрески, претседател на Здружението „Карпалак“ и учесник во конвојот.

Длабок наклон, присет и почит за хероите денеска и пред Споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп. Бројни делегации со венци и свежо цвеќе им се заблагодарија за саможртвата на овие македонски синови.

Реклама

„Карпалак останува болно сведоштво за цената на слободата. Но, Карпалак е и место од кое извира една голема вистина дека Македонија секогаш имала луѓе кои биле подготвени да ја стават татковината пред себе. Денеска сме тука за да покажеме дека времето не ја намалило нашата благодарност и дека споменот не избледел. И дека жртвата на нашите херои останува дел од идентитетот на македонската држава“, порача Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

„Како што хероите на Карпалак несебично застанаа во одбрана на државата, денес сме должни со иста таква посветеност, решителност и мудрост да се соочиме со сите предизвици кои ги носи сегашноста и иднината. Жртвата на бранителите ни дава обврска и храброст да успееме во тоа, а нашата цел и успех е само една – европска и просперитетна Македонија“, кажа Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд.

Во чест на бранителите, утринава се одржа и Панихида во црквата „Св. Петка“, а беа посетени и гробовите на убиените, како и местото на погибијата во месноста „Карпалак“. Синоќа, пак, свежо цвеќе беше положено и на споменикот во Касарната „Мирче Ацев“, а беше посетена и Спомен-собата, каде во наредниот период ќе бидат поставени засебни витрини за секој од загинатите бранители, во кои ќе бидат поместени и лични предмети од хероите, отстапени од нивните семејства.

Инаку, во Прилеп, во 2007 година, во спомен на бранителите, 12 улици беа преименувани, од кои 10 ги добија имињата на загинатите, а двете се викаат „Прилепски бранители“ и „Карпалак“. Во нивна чест подигнати се и два грандиозни споменика, а се изгради и црквата „Св. Петка“ во населбата Точила.