Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Економија

Отворена за сообраќај уште една делница од патот Елбасан-Ќафасан

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една делница од автопатот Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница,  кај Струга и дека работите продолжуваат со брзо темпо. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по онаа којашто беше пуштена за сообраќај во јуни пред две години.

– Отворањето на овој сегмент го подобрува сообраќајот, ја зголемува безбедноста на патиштата, го скратува времето на патување и го олеснува транспортот на граѓани и стоки – напиша Рама во објава на социјалните мрежи, АТА.

Патниот сегмент Ќафасан – Елбасан,  кој е дел од коридорот VIII, е од категоријата Б, во должина од 50,12 километри, се гради според стандарди за современ автопат, со две коловозни ленти во секоја насока, централен разделен појас, мостови, тунели и заштитни објекти покрај реката Шкумбин.

Реклама

По завршувањето на проектот ќе може да се вози со брзина до 110 километри на час, а патувањето меѓу Елбасан и Ќафасан треба да се скрати на околу 30 минути, наспроти над час и половина, колку што претходно беше потребно.

Коридор 8 се протега од пристаништето Бари во Италија до пристаништата Варна и Бургас во Бугарија, минувајќи низ Албанија и Македонија. Во својата завршна форма, Коридорот 8 треба да вклучува и патни и железнички врски, при што патната мрежа моментално е завршена околу 70 проценти, додека на железничката рута сè уште недостасуваат прекугранични делови помеѓу Албанија, Македонија и Бугарија, чија целосна изградба и поврзување се планира да се заврши до 2030 година.