Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

За прв пат на „БитФест“ фестивал на чалгијата „Битолски чалгиски денови“

Културно-информативниот центар (КИЦ) Битола во рамки на Битолското културно лето „БитФест“ од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Културно-информативниот центар (КИЦ) Битола во рамки на Битолското културно лето „БитФест“ од 14 до 16 август ќе одржат „Битолски Чалгиски Денови“, првиот фестивал во градот посветен на оваа специфична музичка форма.

Од КИЦ Битола информираат дека со уште еден посебен настан, посветен на чалгијата, потврдуваат дека визуелниот идентитет на фестивалот соодветствува со културата, историјата и музичкото богатство на градот.

-Долгогодишната чалгиска традиција, која во Битола зазема истакнато место уште од крајот на минатиот век, оваа година добива своја посветена манифестација. Оригиналните песни, инструменти и препознатливиот звук, кои за Битола и битолските боеми значеле многу и денес оставаат силен печат во секојдневието на градот. Оваа година чалгијата на посебен начин ќе ја заживее Битола, а посебно Старата битолска чаршија. Чалгиската музика во Битола потекнува од богатата градска музичка традиција, којашто со векови комуницирала со големите светски музички центри, посочија од КИЦ Битола.

Реклама

Според организаторот, за Битола и битолските боеми, оваа музика со нејзините оригинални песни и инструменти значела премногу, што е потврдено и од бројните преданија и легендарни музички имиња кои оставиле неизбришлив траг во културното наследство на градот.

-Првото издание на фестивалот „Битолски Чалгиски Денови“ го претставува идејниот концепт кој означува патување низ времето, инспирирано токму од боемскиот живот и музичката традиција кои со децении претставуваат препознатлив дел од идентитетот на Битола. Свеченото отворање ќе биде означено со впечатливо дефиле што ќе тргне од Офицерскиот дом (КИЦ) и ќе се движи кон чаршијата. Во дефилето ќе учествуваат седум пајтони со музичари и околу сто статисти облечени во староградски носии, создавајќи впечатлива реконструкција на некогашниот градски амбиент. Како дел од фестивалската понуда, во централниот дел на чаршијата, кај Монмартар, ќе биде поставен угостителски простор со неколку традиционални кафеани, нагласија од КИЦ Битола.

Во рамки на програмата ќе биде промовиран новиот албум „Песни од Офицерски“.