Реклама

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Прилози

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Ниту една земја кандидат за полноправно членство во ЕУ не се судрила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту една земја кандидат за полноправно членство во ЕУ не се судрила со проблеми со какви Македонија се има соочено. Земјава е со евроатлански аспирации уште од моментот на осамостојувањето, а формално процесот на зачленување започна во 2005 година. Сепак, Македонија во меѓувреме не затвори ниту еден кластер, а дипломатските напори главно беа насочени кон спорот со Грција, а потоа и на спорот со Бугарија. Билатералните спорови со соседите, станаа услов за членството во ЕУ.

Ние сме најголемото жртвено јагне во овој процес и секако да, ниту една друга држава ги нема почувствувано двојните и тројните аршини, поврзани со исполнувањата за влез во Европската Унија“, вели аналитичарот Синиша Пекевски.

Реклама

Актуелната Влада е децидна – историјата и идентитот се црвената линија која нема да се премине, а уставните измени кои станаа услов поради отстапките на преходната Влада би можеле да се случат само со цврсти гаранции од ЕУ.

Во интервју за угледниот „Политико“ министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, порача дека Македонија заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство.

Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки. Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија“, посочи министерот

Муцунски посочи и дека земјата станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на ЕУ.

Изживувањето врз Македонија и играњето со нашата судбина од страна на ЕУ, за нашето членство во ЕУ, огромна вина има самата Европска Унија, која постојано наметнува нови критериуми, нови правила, кои во ниту еден момент не се јасни и кристално чисти“, вели Пекевски.

Деценискиот спор со Грција беше решен со потпишувањето на Преспанскиот договор, кој и покрај огромното противење на мнозинството од народот, поранешната влада на СДСМ и ДУИ го потпиша и го спроведе. Таа попустливост и прифаќање на уцени без гаранции само и даде ветер во грб на Софија, која на маса ги стави великобугарските идеи кои постојат повеќе од еден век.