Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Демографски аларм-се помалку деца се раѓаат, се повеќе млади се иселуваат, Владата најавува сеопфатни мерки

Македонија се соочува со сериозна  демографска криза. Се помалку деца се раѓаат,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се соочува со сериозна  демографска криза. Се помалку деца се раѓаат, се повеќе млади се иселуваат.  Демографијата треба да биде  едно од клучните и витални прашања  за иднината на Македонија и затоа не смееме да дозволиме да има празни училници, празни училишта, празни улици, празни игралишта. Националниот координатор за демографија, Влатко Ѓорчев, вели дека се чувствуваат последиците од 2017 до 2020 кога имало голем пад на наталитетот.

-Оваа година сега првачиња се децата кои што се родени пред шест години 2020 година. Во 2020 година нам на Македонија ни се случи демографска катаклизма. Значи имавме страшно големи падови тогаш на бројот на родени деца сега тие последици доаѓаат после шест години–истакна националниот координатор за демографија Влатко Ѓорчев

Македонија исто како и Европа но и добар дел од светот е во длабока демографска криза, затоа е потребно да се применат  сеопфатни и сразмерни мерки. Но покрај мерките  клучно е младите да сакаат да имаат потомство и да градат брачни заедници.

Реклама

-Мора да сме свесни за тоа дека децата се најголемо богатство. Мерки секогаш имало но клучна, клучна работа за демографијата тоа е личната желба. Таа лична одлука за родителство да се има дете е незаменлива и едноставни ние треба да допреме до срцата на помладите генерации а тоа е дека родителството е нешто кое што ќе не прави среќни–истакна националниот координатор за демографија Влатко Ѓорчев

Инаку Владата веќе има конретна стратегија и мерки. Дел од тие мерки кои се применуваат се: шест бесплатни обиди за ин-витро, бесплатни учебници, нови градинки, поддршка за младите семејства како и полесен начин за купување прв стан за младите. Дополнително се разгледуваат и мерки како даночни олеснувања за мајки, поддршка за семејствата и зголемување на свесноста за демографијата. Дека Македонија има намален наталитет доказ  е поразителната бројка  на запишани првачиња во новата учебна година која е за 3000 помала во однос на минатата година.