Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Свет

Зеленски ги отповика  украинските амбасадори во Албанија, Хрватска и Црна Гора

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отповикал амбасадорите на Украина во Албанија, Хрватска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отповикал амбасадорите на Украина во Албанија, Хрватска и Црна Гора, согласно претседателските уредби објавени вчера.

-Според уредбата отповикан е  Володимир Шкуров од функцијата амбасадор во Албанија, кој на оваа дипломатска задача  беше од април 2020 година. Васил Кирилич, е отповикан од  амбасадор на Украина во Хрватска, како и Олех Херасименко, амбасадор на Украина во Црна Гора, објавија албанските медиуми.

Во објавените укази не се наведени причините за кадровските промени. Засега, не се именувани нови амбасадори на овие дипломатски мисии.

Реклама

Истовремено, Зеленски со посебен указ го отповикал и амбасадорот на Украина во Пакистан, Маркијан Чучук, како дел од поширока дипломатска ротација.

Овие отповикување следат откако деновиве Зеленски, ја разреши амбасадорката на Украина во САД, Олха Стефанишина.

Неколку дена по нејзиното разрешување, Врховниот суд за борба против корупцијата ја стави Стефанишина под истрага со кауција од околу 134.000 американски долари. Таа е осомничена за нелегално богатење и лажно пријавување на имот. Самата Стефанишина изјавила дека нема доволно финансиски средства да ја плати кауцијата што ја одреди судот.