Демографската криза веќе се гледа и во училишните клупи. Новата учебна година ќе започне со најмалку 3.000 првачиња помалку од лани. Иако уписите се уште траат, министерката за образование Весна Јаневска предупредува дека намалувањето на бројот на ученици во основното образование е сериозен и загрижувачки тренд.
“Во овој момент бројката е 4.900 првачиња помалку од лани. Но, ќе се дозапишуваат и во овој период. Но, бројката ќе стигне најмногу до 3.000. Значи, сигурно ќе имаме 3.000 првачиња помалку од лани” – предупреди министерката Весна Јаневска.
Според последните податоци од МОН, минатата година во прво одделение се запишаа 17.250 ученици што е убедливо најмала бројка во историјата на Македонија. Само за една година во училишните клупи во државата останале со 1.309 празни столчиња.

Ако се анализираат последните седум учебни години, според податоците на МОН, трендот е опаѓачки и ако се споредат учебната 2020/2021 со минатата учебна година има загрижувачки 4.200 првачиња помалку.
2019/20 – запишани првачиња 21.384
2020/21 – запишани првачиња 21.450
2021/22 – запишани првачиња 21.158
2022/23 – запишани првачиња 20.598
2023/24 – запишани првачиња 19.482
2024/25 – запишани првачиња 18.559
2025/26 – запишани првачиња 17.250
За промена на трендот Владата веќе има конкретсбна стратегија и мерки. Дел до мерките веќе се оперативни како на пример, шест бесплатни обиди за ин витро оплодување, бесплатни учебници, нови градинки и поддршка за младите семејства. Исто така у за полесен начин за купување на прв стан кој е наменет пред се за младите. Премиерот Мицкоски многупати досега предупреди дека држвата старее и се празни. Прогнозите на експертите покажуваат дека за 20 години земјата може да има и под милион жители. Се раѓаат се помалку деца, младите бараат подобар живот надвор, населението старее.

