Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Мајчиниот јазик и оваа година им беше посилна страна на матурантите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мајчиниот јазик и оваа година им беше посилна страна на матурантите од англискиот. Првата матура организирана според новите правила заврши со просечна оценка 3,66. Министерството за образование заедно со Државниот испитен центар се задоволни од овој просек, што е речиси на исто ниво со ланскиот. Дел од учениците наместо диплома ќе добијат нов термин за полагање, а борбата против препишувањето резултираше со 226 поништени тестови.

„Одделно бидејќи како што реков за прв пат имаме три различни типа на матура, просекот на државната матура е 3,62, просекот од стручната е 3,91 а просекот на уметничката 3,59. Овие резултати ќе бидат компарирани од идната година. Задоволна сум од оценката затоа што сметам дека таа е приближно реална, сеуште имаме отстранети од матура, препишале, веројатно некој сеуште се снаоѓа, но процесот го зајакнуваме.“- вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Ако се споредуваат просечните оценки по одделните предмети со минатогодишните може да се забележи континуитет во успехот. Но, значително е подобрувањето, споредено со 2024 година. Оваа година, матурантите постигнале многу добар успех по мајчин јазик во сите три матури со просек од 3,93, потоа англиски 3,31 а по математика успехот е солиден со просек 4,20.

Реклама

„Во делот на мајчините јазици кај државната матура успехот е 3,95 , математика имаме 4,30 што значи многу добар успех има математика и мајчин јазик, англиски јазик имаме добар успех 3,18. Средната оценка за државна стручна матура ни е 3,91. И во делот на мајчините јазици имаме 3,85, математика 3,55 и англиски многу добар успех 4,01.“– вели директорката на ДИЦ, Даниела Јовчевска Михајловска.

Инаку оваа година за прв пат средношколците имаа можност да бидаат помеѓу три типа на матура. Од вкупно 14.587 пријавени ученици, 12.184 биле пријавени за државна матура, 2.276 за државна стручна матура, а 127 ученици за државна уметничка матура. На полагањето не се појавиле 348 пријавени ученици. Оние кои не го положиле испитот во јунската сесија ќе добијат нова шанса во август и тоа на 8 локации во 4 градови – Скопје, Тетово, Прилеп и Штип.