Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Пругата од Крива Паланка до бугарска граница ќе почне да се гради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пругата од Крива Паланка до бугарска граница ќе почне да се гради до крајот на годинава. Изборот на надзор е при крај, а тендер за избор на изведувач ќе има оваа есен. Наместо половина милијарда евра за пруга која завршува во тунел без крај, за исто толку пари заеднички проект со Бугарија за изградба на пруга долж Коридорот 8. Македонија ја заокружи финансиската конструкција за третата делница од Крива Паланка до бугарска граница и сега официјално се потпишаа договорите со кредиторите.

„Требаше да потрошиме повеќе од половина милијарда евра, а можеби и повеќе, а да завршиме на половина тунел во средина на ништо. Сега е сосема појасна состојбата, сега имаме целина којашто ќе ги поврзе двете држави и којашто ќе значи додадена вредност за двете земји. Како што рековте, тоа е дел од приоритетите на НАТО, но и од економските приоритети на двете држави“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

На крајот на месецов повторно ќе се сретнат и меѓуресорските групи на Македонија и Бугарија за да ја прецизираат деталите околу изградбата на заедничкиот железнички меѓуграничен тунел. Тој целосно ќе биде финансиран со грант од Европската комисија.

Реклама

„Очекуваме на крајот од овој месец да се одржи вториот меѓувладин состанок во Скопје, а пораката е јасна – двете држави испраќаат заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и ЕБОР, за обезбедување грант за изградба на тунелот кои, убеден сум, ќе бидат далеку поголеми од оние грант средства за кои досега се зборуваше“ – вели Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Изградбата на третата делница е исклучително тешка. Дури 60% од вкупната траса се состои од тунели и мостови.

„Поради сложениот терен и планински предели, во овие 22 километри ќе има дури 21 тунел во вкупна должина од 7,8 километри. Дополнително ќе има уште 52 мостови и вијадукти од околу 5 километри“ – вели Синиша Ивановски, директор на МЖ Инфраструктура.

Пругата ќе се финансира со грант од 149 милиони евра  од Инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската Унија, како и два кредита од по 175 милиони евра од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

„Овие институции со години се меѓу најзначајните поддржувачи на развојните проекти во нашата држава, инвестирајќи во транспортна инфраструктура, енергетика, водоснабдување и во поддршка на приватниот сектор“ – вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Првата делница од Скопје до Бељаковце веќе е пуштена во употреба. На втората интензивно се гради. Третата ќе почне по долги натегања, политички провокации и преговори со Бугарија. Источниот сосед се обврза заеднички со Македонија да го гради тунелот, но и да модернизира неколку железнички делкници на потегот од границата до Софија.