Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

Растот на животниот стандард во Македонија е резултат на макотрпна и посветена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на животниот стандард во Македонија е резултат на макотрпна и посветена работа на Владата, која ќе продолжи со исто темпо да работи и во иднина, посочи премиерот Христијан Мицкоски. Тој смета дека резултатите објавени од Евростат, кои се однесуваат на порастот на куповната моќ на ѓраѓаните, се доволен демант на невистините што опозицијата ги пласира во јавноста.

„Се водеше плитка кампања која потворно беше демантирана и повторно тие ќе жалат и ќе бидат разочарани зошто Македонија не е најслаба, туку е многу подобра од неколку земји на ЕУ и од сите земји во регионот“, вели премиерот.

Пред два дена, Евростат ги објави податоците за минималните бруто заработки на земјите членки, но и на кандидатите. Бројките покажуваат дека минималната бруто плата кај нас изнесува 624 евраво бруто износ и за 10 години се зголемила за 388 евра, односно во 2016-та изнесува 236 евра.

Реклама

„Ако се споредат бројките од пред три-четири години, ќе може да се забележи значаен напредок.- Дали е тоа доволно? Не е. Ќе продолжиме да работиме за уште подобро и повеќе. Мотивирани сме како никогаш“, додаде Мицкоски.

Ако се спореди по куповната моќ, според мерењата на Евростат Македонија е пред Србија, Црна Гора, Турција и Албанија, како и пред 7 други земји членки на Европската Унија.