Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Размена на искуства со Словачка за успешно спроведување на реформите

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со словачката амбасадорка Ивета Хрицова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со словачката амбасадорка Ивета Хрицова на која ја истакна значајната улога на Република Словачка во процесот на нашата европска интеграција, особено преку активностите на Словачката асоцијација за надворешна политика, која придонесува кон развојот на Националната конвенција за Европската Унија.

Националната конвенција за Европската Унија, информираат од прес-службата на Министерството за правда, претставува важен форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со нашите пристапни преговори за членство во Европската Унија.

Искуствата од успешното функционирање на ваков механизам во Словачка се препознаени како добра практика во процесот на приближување кон Европската Унија и модел кој придонесува за создавање широк општествен консензус околу европските реформи.

Реклама

Соработката меѓу Министерството за правда и институциите на Република Словачка ќе продолжи и во наредниот период, со цел дополнително јакнење на евроинтегративниот процес и унапредување на европската перспектива на нашата држава.