Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Го креираа францускиот предлог, ама сега од СДСМ обвинуваат дека Владата тајно преговарала

Пред четири години СДСМ, како носител на извршната власт, без проблем, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред четири години СДСМ, како носител на извршната власт, без проблем, и покрај народното несиогласување, го прифати Францускиот предлог, а сега предупредува дека актуелната Влада ќе го сторела истото. Односно, од редовите на оваа партија го обвинија министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека преку тајна дипломатија и тајни преговори испратил јасни сигнали до Брисел, Париз и Берлин, дека владата е подготвена да го прифати Францускиот предлог.

„Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални услови, па потоа дека ќе имаме, нели, за нас некакви посебни договори и така натаму“, вели Андреј Жерновски од СДСМ.

Реклама

Од МНР демантираат дека се води тајна димпломатија, потенцирајќи дека нема да се прават отстапки на националните интереси – за разлика од минатата власт која удри по идентитетот.

„Факт е дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со европските институции, со Бугарија и со другите меѓународни партнери. Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно потврдена.Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада“, истакнаа од МНР.

Инаку, Владата на поранешниот премиер Димитар Ковачевски, во 2022 година и покрај масовните протести во Скопје и институционалното противење на опозицијата во тоа време предводена од ВМРО-ДПМНЕ, го прифати т.н. Француски предлог, со што беше отворен патот за билатеризацијата на преговарачката рамка со ЕУ и соочувањето со максималистичките барања на Бугарија, во врска со јазикот и историјата на македонскиот народ.